Во Глиптотека на Хрватската академија на науките и уметностите (HAZU), отворена е изложба на познатиот хрватски и европски уметник Борис Бучан, чии дела се наоѓаат во значајни музеи и галерии ширум светот.
Тој на оваа изложба насловена „Сцени од современиот живот“ или со поднаслов „Кога се дружев со гулаби“, ги презентира своите дела создадени во текот на минатата и оваа година. Изложбата вклучува 110 слики по избор на историчарката на уметност Вера Хорват Пинтариќ, кои, како што е објаснето во информацијата за изложбата, „гo сублимираат и рециклираат искуство на авторот, од концептуална провениенција, преку урбаниот и амбиентален интервенционизам, дизајнерско-плакатно творештво, а со секој нов циклус авторот повторно плени со својата свежина како во сликарскиот пристап така и во идејно-композициската иновативност“.
Борис Бучан продолжува со хрониката на својот секојдневен живот. Тој го гледа светот околу себе, застанува и се сеќава на она што тој го видел. А кога се враќа во своето студио, со скици и цртежи, тој сака да ја смени сопствената средина. Има многу црвена боја во неговиот нов циклус на слики, но сепак црното и белото остануваат омилен мотив, бидејќи го нагласуваат неговиот цртачки талент.
Изложбата на големиот Борис Бучан во загрепската Глиптотека ќе биде отворена до осми мај.