Насловна / Архитектура / Сбербанк Сити нов центар во Москва (видео)

Сбербанк Сити нов центар во Москва (видео)

Проектантското биро од Токио, Nikken Sekkei, победник р на меѓународен архитектонски конкурс со своето решение за деловниот комплекс Сбербанк и културен центар во Москва. Со проектот е предвидено новиот центар да биде поврзан со останатиот дел од градот, благодарение на близината на метро и железнички станици.

5

Предлогот е заснован на концепт на развиток на два големи дела од градот кои меѓусебно се дополнуваат и разговараат преку Москва Сити и Сбербанк Сити, пишува ArchDaily. Москва Сити е деловен дистрикт на руската престолнина кој е сместен на спротивниот берг на реката Москва.

4

1
На предметната локација се наоѓаат четири постоечки згради; од кои две се веќе во употреба и две кули во изградба. Вкупниот број на вработени во комплексот се очекува да биде 25.000. Целта на натпреварот беше да се создаде „еко систем“ како би можеле вработените да го зголемат квалитетот на живот и да формираат културен образовен комплекс.

7
Предлогот на јапонското архитектонско биро подразбира креирање на единствен волумен со содржини кои вклучуваат музеј, центар за посетители, како и медицински и спортски центар кои имаат директен пристап до деловниот дел на објектот.

2
Со дизајн во форма на клин, долг 300 метри, идната зграда е проектирана на начин за да се интегрира со околниот пејзаж и во согласност со програмските услови.
Како што објаснуваат од тимот, за да се обезбеди ефикасно функционирање на објектот, зградата е поделена на две зони, едната за јавност, а другата за вработени.

3

8
Голем отворен централен простор, исполнет е со зеленило и природно светло. Овој отворен простор вклучува плоштад во приземје, се протега на горните нивоа преку степенасти зелени тераси, создавајќи затворен парк што ќе се користи во текот на целата година.

6

Комплексот во понудата ќе има и мултифункционален и мултимедијален простор во средината на културниот центар, со променлив волумен за меѓународни форуми и конференции. Проектот ќе има поглед на Москва и за вработените и за посетителите.

10
Конкурсот е распишан во април 2019. година, а во август Nikken Sekkei е прогласен за победник. Планот е оваа Сбербанк зграда да биде завршена до 2023. година.

Испрати коментар

Scroll To Top