Насловна / Архитектура / Сава Центар во Белград блесна со нов сјај

Сава Центар во Белград блесна со нов сјај

Со реконструкцијата вредна 118 милиони евра, бисерот на архитектурата на Белград блесна со нов сјај.

Сава Центар е конгресен, културен и деловен центар, наменет за различни мултифункционални активности, сместен во главниот град на Србија. Проектант е архитект Стојан Максимовиќ, а изградбата на објектот траела три години, од 1976. година до 1979. година.

14

Реновирањето на Сава Центар траеше помалку од две години, а како резултат на тоа е добиен модерен, одржлив објект со значително зголемен капацитет, така што Белград сега може да биде домаќин на настани кои собираат повеќе од 5.000 посетители.

13

Компанијата „Делта холдинг“, која е инвеститор на објектот ја подели реконструкцијата во две фази, копирајќи ја и самата динамика на изградба од 1977. година, така што прво е завршен конгресно – деловниот дел.Реконструкцијата безпоговорно ја следи првобитната идоеологија на изградбата на оваа историски значајна градба.

15

Отворањето на конгресниот и деловниот дел се случи на 14. ноември, кога се одржа првиот Меѓународен конгрес на нутриционисти со 1.500 учесници.

Реновирањето продолжува на Сината сала, која децении наназад претставува епицентар на културни манифестации.  Во Сава Центар се собираа дел од најзначајните домашни и меѓународни уметници, а од летото 2024. година јавноста повторно ќе има можност да ужива во бројните културни настани во Сината сала.

10

Главната конгресна сала прима повеќе од 1.000 посетители

Со реорганизација на просторот, конгресниот капацитет на овој објект е зголемен од 16 на 46 сали, вклучувајќи ја и едиствената Immersive сала. Главната конгресна сала сега може да прими повеќе од 1.000 посетители, додека бројот на седишта во познатата Сина сала ќе биде зголемен од 3.672 на 4.000.

2

„Конгресната индустрија на Србија не е иста со Сава Центар и без него. Белград сега може да конкурира за организација на големи меѓународни собири, а кога Сава Центар ќе ги пополни своите капацитети, тоа значи дека целото хотелско сместување во главниот град ќе биде полно, а рестораните, транспортните компании, разни даватели на услуги и бројни мали бизниси ќе имаат дополнителни работа. Реновирањето на Сава Центар не е важно само за „Делта Холдинг“, важно е и за конгресната индустрија, а можеме да кажеме и за целата економија на Србија“, вели Кристина Милинчиќ, генерален директор на Сава Центар.

4

Просторот на Сава Центар е поделен на три функционални целини: конгресна зона, деловна зона – која се состои од деловен простор и шопинг зона – и културна зона, со познатата Сина сала.

Реконструкцијата на конгресниот и деловниот дел траела вкупно 22 месеци. Секој ден на градилиштето биле ангажирани во просек по 550 работници, додека таа бројка изнесувала и до 900 работници во одредени фази од работите.

3

Покрај застареноста на самиот објект, голем предизвик претставувала и самата обвивка, која го прави препознатлив Сава Центар. Покрај зачувувањето и модернизацијата, акцент е ставен на зголемување на енергетската ефикасност и заштеда на електрична енергија. Станува збор за објект кој се простира на речиси 100.000 метри квадратни, во кој со години немало значајни инвестиции. Фасадата прокиснувала подолго време, немало соодветни системи за ладење и греење, инсталациите, опремата и мебелот биле одамна дотраени или во голема мера неисправни, и сето тоа го направило овој простор несоодветен. По детална анализа, пронајдено е решение кое ги исполнува сите потребни барања од естетска и функционална страна, а притоа целосно да се зачува автентичниот изглед.

5

„Обновувањето на фасадата е изведено според оригиналниот проект на познатиот архитект Стојан Максимовиќ од времето на изградбата на Сава Центар, во седумдесеттите години на минатиот век. Новите стакла се идентични по боја со старите, но кога станува збор за функционалноста, има голема разлика. Трислојното стакло на новата стаклена обвивка обезбедува исклучителна топлинска изолација, со соларен фактор во опсег од 25-35%. Тоа значи дека во зима стаклената обвивка ќе ја задржи топлината во самата зграда, а во лето сончевите зраци многу помалку ќе влијаат на зголемувањето на температурата, што претставува значителна заштеда на електрична енергија“, нагласува Катарина Гајиќ.

16

Целосно зачувана оригинална архитектура

„За Сава Центар да изгледа како денес, во реконструкцијата се вложени повеќе од 118 милиони евра“, вели Ангелина Некиќ, потпретседателка на „Делта Холдинг“ и генерален директор на „Делта недвижности“, и додава: „Поради значителното зголемување на трошоците на проектот, ќе бидат потребни 15 до 18 години за да се исплати оваа инвестиција. Она што сакам да го истакнам е дека за „Делта Холдинг“ Сава Центар не е на прво место профитабилен бизнис, туку и израз на желбата да придонесеме за заедницата во која работиме со зачувување на еден ваков објект“.

1

При реконструкцијата на објектот целосно е зачувана архитектурата на Сава Центар на Стојан Максимовиќ и поради кого овој центар беше номиниран за Прицкеровата награда, највисоката награда во архитектурата, беше истакнато на настан за претставници на медиумите.

7

Immersive салата една од најголемите во светот

Во однос на деловниот простор, новиот Сава Центар содржи 45 канцеларии од класа А кои се единствени по количината на природна светлина и по приватни зелени тераси, додека т.н. Retail зона опфаќа вкупно 36 продавници со најголемите светски и домашни брендови.

6

Immersive салата е најавена како прва во овој дел од Европа и една од најголемите во светот. Со користење на најсовремена технологија, овозможува проекција на дигитална содржина на ентериерот на салата, со што се создава единствено и уникатно искуство.

8

Сава Центар е и првиот објект во регионот кој ќе има BREEAM сертификат, а со вкупно 17.000 квадратни метри зелени површини го има целиот потенцијал да стане вистинска зелена оаза среде главниот град.

9 12 11

Испрати коментар

Scroll To Top