Жителите и посетителите на шведскиот град Кируна од оваа пролет можат да уживаат во уникатната спа оаза наречена Solar Egg, чиј дизајн е инспириран од самиот град.
Формата на јајцето го симболизира повторното раѓање, односно урбанистичата трансформација на градот Кируна, во кој се планира изместување на цела област заради проблемите што настанале како резултат на поместувањето на почвата, како резултат на децениската експлоатација на блискиот рудник за железо.
Јајцето е симбол на повторното раѓање на градот.
А каде што има железо има и злато. Имено, сауната висока пет и широка четири метри, обложенае е со 69 позлатени панели од нерѓосувачки челик. Како панелите се од демонтажен карактер, сауната може да се расклопи и повторно да се инсталира на кое било друго место во градот.
Сауната во облик на јајце е дизајнирана од страна на меѓународно признатиот уметнички пар Матс Бигерт и Ларс Бергстром.
Уметничкото дуо Бигерт&Бергстром го карактеризира долгогодишна фасцинација на односот на човештвото со климата, природата, енергијата и технологијата. Соларното јајце е еден од нивните практични проекти кој ја обработува оваа тема.
Соларното јајце оваа година ќе биде привремено изложено и во Шведскиот институт во Париз, единствениот шведски културен центар во странство. На иницијатива на шведската влада, Swedish Design Moves ќе биде дел од промотивната програма во странство за промоција на шведскиот дизајн, архитектура и мода.