Насловна / Архитектура / Саудиска Арабија претвора нафтена платформа во забавен парк на вода

Саудиска Арабија претвора нафтена платформа во забавен парк на вода

Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија најави трансформација на нафтената платформа во Персискиот Залив во забавен парк и одморалиште со вкупна површина од 150 илјади квадратни метри. Проектот наречен THE RIG треба да стане првата туристичка дестинација изградена на офшор нафтена платформа.

Arabija

Комплексот ќе има три хотели, 11 луксузни ресторани, тобоганот, како и простори за уживање во екстремни спортови и активности како банџи скокање и скокање со падобран. Пристапот ќе биде овозможен со траект, јахти, крузери и хеликоптери.

Освен што овој проект ќе претставува значителна додадена вредност за локалната економија на земјата, ќе ги следи и глобалните стандарди за заштита на животната средина со цел да се воспостават одржливи практики, се во согласност со стратегијата на Фондот за јавни инвестиции 2021-2025 година.

Arabija1

Оваа стратегија ги поттикнува иновациите во секторот туризам и забава во Саудиска Арабија, со цел да функционира во согласност со целите на Saudi Vision 2030, пишува CNN.

Сè уште не е објавен датумот на почеток на работите, како и планираниот термин за отворање, но најверојатно тоа ќе се случи наскоро. Оваа земја се стреми да се позиционира како глобална туристичка атракција, заедно со другите градови во Персискиот залив, и да биде домаќин на околу 100 милиони туристи секоја година.

Претходно оваа година, Foster + Partners го објави проектот Хотел 12 на островот Ummahat AlShaykh, а друг хотел на островот беше проектиран од Кенго Кума. Овие и слични проекти ветуваат дека плановите на Саудиска Арабија за развој на туризмот во својата земја најверојатно ќе се остварат.

Arabija2

Испрати коментар

Scroll To Top