Саудиска Арабија претендира да стане најголемиот светски градежен пазар, бидејќи кралството вложува огромни пари во проекти кои имаат за цел ремонт и диверзификација на економијата, соопштила консултантската група за недвижности, Knight Frank. Се предвидува вкупната вредност на градежниот бизнис во земјата да достигне 181,5 милијарди американски долари до крајот на 2028 година, што е околу 30% повеќе споредено со 2023 година. Голем дел од таа бројка веројатно ќе потекнува од резиденцијалните и од т.н гига проекти. Планот познат како „Визија 2030“, треба да создаде атмосфера на успех на популацијата која расте, како и очекуван прилив на странски туристи.
Само во 2023 година, доделени се над 140 милијарди долари вредни договори за изградба. Најголем дел од нив биле во Ријад, каде Саудиска Арабија има за цел да го зголеми бројот на ќители на 10 милиони до 2030 година. Главниот град е вистинско градилиште додека се подготвува да биде домаќин на светската изложба EXPO 2030, а претендира и за домаќин на Светскиот куп во фудбал во 2034 година.