Насловна / Архитектура / Саудиска Арабија: Повикани звучни имиња за изградбата на мегаградот на идината

Саудиска Арабија: Повикани звучни имиња за изградбата на мегаградот на идината

Саудиска Арабија поканува големи имиња со цел да добие стручна помош во еден од најамбициозните проекти – изградба на футуристички мегалополис. Коосновачот на Убер Тревис Каланик, директорот на Софбанк Масаиоши Сон, неколку претставници на фондови, членот на УО на Фејсбук Марк Андерсон… се само некои од имињата кои се согласиле да бидат консултанти на овој проект. Но, никој не ги открива деталите. И додека, тие се јавно на листата на проектот вреден 500 милијарди УСД, познат како NEOM, некои други не сакаат нивното име да се поврзува со него. Меѓу нив се еден од директорите на Гугл, потоа еден висок службеник во администрацијата на Обама, итн.

Саудискиот престолонаследник го најави градот NEOM пред една година. Градот е една од главните цели во неговиот план за развој „Визија 2030“. Саудијците пред почетокот на изградбата веројатно ќе мора да одговорат на многу пршања, меѓу другото и во врска со исчезнатиот новинар. А дека членовите на идната работна група се многу внимателно избрани, говори и фактот дека джавниот фонд претходно вложил во секоја од горенаведените компании.

neom1

NEOM2

NEOM3

A man walks past the logo of Vision 2030 after a news conference, in Jeddah

Испрати коментар

Scroll To Top