Насловна / Архитектура / Саудиска Арабија: Почнува да се гради еден од најголемите стадиони во светот

Саудиска Арабија: Почнува да се гради еден од најголемите стадиони во светот

Саудиска Арабија продолжува со забрзаната модернизација на својата урбана и спорстска инфраструктура со најавата за изградба на еден од најголемите стадиони на светот „Стадион Крал Салман“ (The King Salman Stadium). Проектот, дело на реномираното архитектонско студио Populous, ќе биде сместен во Ријад, во непосредна близина на големиот парк кој моментално е во фаза на изградба.

Новиот стадион, со капацитет од над 92.000 места, ќе стане најголем стадион во Саудиска Арабија и еден од најголемите на светот. Покрај главните трибини, стадионот ќе има и луксузни ложи, кралска ложа, 2200 VIP и 300 VVIP седишта, со што ќе се пружи врвен комфор и екслузивно доживување при следењето на натпреварите. Архитектурата на стадионот е инспирирана од пејсажите на Саудиска Арабија. Студиото Populous објаснува дека централната идеја на проектот е симболична – стадионот и пратечките објекти претставуваат семе кое никнува од земјата, симболизирајќи го развојот на спортот од основно до врвно ниво. Стадионот ќе има зелен покрив со патеки за прошетка, што ќе придонесе за одржливоста и подобро искуство на посетителите. Ќе има и внатрешни градини, ѕидови за качување и аква центар со олимписки базен. Во близина ќе бидат и атлетски стадион и патеки за трчање низ блискиот парк.

Планирано е овој стадион да стане примарен дом на националниот фудбалски тим на Саудиска Арабија. Се очекува проектот да поттикне масовно учество во спортот и да ги унапреди спортските можности на сите нивоа. Завршувањето на изградбата е предвидено за крајот на 2029 година, а овој стадион се придружува на низата слични грандиозни проекти во Саудиска Арабија. 

Испрати коментар

Scroll To Top