Сопственици на куќи кои се помеѓу улицата „Партение Зографски“ и хотелот кај Клинички испратија петиција до општина Центар со барање да не се издаваат одобренија за нови објекти, поради нестабилноста на теренот.
Тие велат дека се чувствуваат крајно небезбедно бидејќи при најмал потрес или поголеми дождови буквално им се тресат куќите.
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и директорот на ИЗИС Влатко Шешов на денешната средба договорија редовна месечна соработка. ИЗИС ќе дава мислење за техничките прописи и ќе се бара инвеститорите доследно да се држат до безбедносните параметри и во фаза на изградба, но и во фаза на користење на објектот. Ова е со цел да се градат и живеат во посигурни и побезбедни објекти.
„ Нема да дозволам на места како за скокалници да се градат станбени објекти“ , посочи градоначалникот Богдановиќ.
Мора да се почитуваат основните параметри и затоа во моментот надлежните и комисиите во општина Центар вршат ревизии на сите ДУП – ви. Посебно внимание ќе се обрне на ДУП- те за Водно, за да се испита каде тлото е порозно и склоно на слечишта. Овој дел, како и целиот Центар се преизградени и од урбанистички плански аспект мора да има целосна заштита. Ќе се прават детални микро локациски испитувања кои ќе бидат доказ за стабилноста на својата и на околните градби.
Ќе се разгледааат и препораките на експертите заради безбедност на одредени делови да има намалување на катноста и да не се издаваат нови одобренија за градба. Се наведува во соопштението на Општина Центар.
Насловна / Архитектура / Саша Богдановиќ: Нема да дозволам на места како за скокалници да се градат станбени објекти