Насловна / Вести / Сарделата е цвет кој никогаш не излегува од мода

Сарделата е цвет кој никогаш не излегува од мода

Некогаш рустикална и романтична, а понекогаш и со ретка убавина како егзотичен вид, сарделата е цвет многу лесен за нега и можете да ја комбинирате на балкон како сакате. Исто така сарделата е цвет кој никогаш не излегува од мода.

1_resize

За да се наполни балконот или дворот со шарени и убави цвеќиња најдобро е да се негуваат убави сардели. На сарделите им е потребно многу сонце, хранлив супстрат и многу наводнување, како и неделно хранење со течно ѓубриво. Сепак, сарделата нема да престане да цвета ако заборавите да ја залеете или прескокнете едно хранење. Најмногу им одговара светло место, заштитено од пладневно сонце. Оптимална температура за негување сардели е од 10 до 27 степени Целзиусови.

8_resize

3_resize

Во просторот за седење во градината или на терасата, во мали или големи саксии, како растение во висечки саксии или како исправена форма, овој класик меѓу цветните растенија изгледа одлично.

4_resize

Во мноштвото сорти на сардели, хибридната „калиопе“ се издвојува со живите бои и богатото разгранување. Иако се отпорни на болести, треба внимателно да се грижите за нив.

14_resize

Цветовите на сардела од жардињерите на балконите уште оддалеку воодушевуваат со својата убавина. Затоа ги красиат фасадите на многу куќи и се едно од најпродаваните балконски растенија.

6_resize

16_resize

13_resize

11_resize

5_resize

12_resize

15_resize

9_resize

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top