Оваа година Деновите на архитектура во Сараево се одржуваат во септември, и се одбележуваат 15 години од фестивалот во досега неговото најдолго издание (15-22 септември) и се очекува најголем број гости од цела Европа, вклучително и големи имиња од светот на архитектурата (од над 15 различни земји) кои доаѓаат на овогодинешниот фестивал. Куратори на овогодинешниот фестивал се австрискиот архитект Hubert Klumpner и полскиот архитект Michael Walczak.
Покрај предавањата што ќе се одржат во киното Meeting point, низ градот ќе се одржуваат изложби, панели, собири и промоции (Историски музеј, Олимписки музеј, Уметничка галерија, Галерија Манифесто, Австриска куќа).
Посебно внимание за време на Деновите на архитектура ќе биде насочено кон презентацијата и објавувањето на првиот архитектонски водич низ Сараево, издаден од берлинската издавачка куќа DOM Publishers. На овој начин и Сараево им се придружува на градовите на архитектонската карта на светот, и ја претставува градската архитектура на сосема нов начин, како на посетителите, така и на граѓаните.