На задоволство на велосипедистите во Сараево, во април оваа година започна изградба на велосипедска патека која минува низ три општини – Центар, Дараево и Нови Град. Најавена е како „проект по европски стандарди“, но се чини дека сепак повеќе е манифестација на она по што сме познати како регион – мајстори на непрофесионалноста и импровизацијата, пишува сараевскиот портал Кликс.
Така на пример, во населбата Андрипашино поље, велосипедската патека минува директно низ автобуска постојка и во тој дел е обоена со сива боја наместо со црвена, па изгледа дека мистериозно исчезнува.
„Алипашински троугао“, „То је холограм… треба само наставити даље…“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи на духовитите сараевчани.
Завршувањето на целиот проект е најавено за крајот на летото.