Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Кантонот Сараево, потпишаа мандатно писмо за доделување на средства за проект за воведување на далечинско греење со користење на геотермална енергија. Проектот ќе се финансира со 16 милиони евра кредитни средства и 1 милион евра во форма на грантови. Проектот ќе се имплементира во неколку области во градот кои имаат котларници на екстра лесно масло и особено е важен од еколошки аспект, бидејќи ќе продонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во градот.
Сараево стана дел од инструментот на ЕБОР „Зелен град“ во 2019 година, после Зеница и Бања Лука.