Сараево стана дел од BreatheLife глобалната кампања за чист воздух, на покана на Секретаријатот на коалицијата за клима и чист воздух. На тој начин, Сараево се придружи на останатите (вкупно 43 градови) во оваа мрежа кои го препознаваат загадувањето ан воздухот како еден од најголемите здравствени и еколошки ризици на светот, како и потребата за имплементација на активности за подобрување на квалитетот на воздухот. Имајќи сериозни проблеми со загадувањето на воздухот, особено во зимскиот период, Сараево има намера да ги интензивира активностите во борбата за почист воздух.
Кампањата BreatheLife е создадена на иницијатива на Светската здравствена организација (WHO), Програмата нa Обединетите нации за заштита на животната средина (UNEP) и Коалицијата за клима и чист воздух (CCAC). BreatheLife е дел од новата Мапа на Светската здравствена организација за подобар глобален одговор на загадувањето на воздухот (2016), како и Резолуцијата на ОН за животната средина (2014), која повикува на поенергично делување и поефикасни активности за сузбивање на загадувањето на воздухот.
Потег за поздравување, кој би требало да го следат и другите градови во регионот.