Насловна / Вести / Сараево: Производство на енергија од постројката за прочистување на урбани отпадни води

Сараево: Производство на енергија од постројката за прочистување на урбани отпадни води

Производството на топлинска енергија од отпадните води и електрична енергија од отпадниот муљ од постројката за прочистување на урбани отпадни води во Сараево, како и формирање на Фонд за финансирање на енергетски реконструкции на куќите и станбените згради, се два значајни проекти кои ги стартува Кантонот Сараево со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

butile1

Имено, на постројката за прочистување на отпадни води Бутиле, ќе се инсталираат топлински пумпи кои ќе ја корстат отпадната вода за производство на топлинска енергија, со што ќе се супституира дел од гасот во градските топлани. Вредноста на овој проект е проценета на 50 милиони евра, од кои 15 милиони евра би биле средства обезбедени преку WBIF. Од друга страна, целта на формирањето на споменатиот фонд е подобрување на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, како и подобрување на квалитетот на воздухот со оглед дека во текот на зимата овој сектор е сериозен извор на загадување.

butile2

 

Испрати коментар

Scroll To Top