Владата ан Кантонот Сараево, подготвила стратегија за ограничување на користењето на јаглен и други цврсти горива за периодот 2023 – 2033 година. Со оваа стретагија се планира намалување на емисиите од индивидуалните ложишта како еден од главните извори на загадување, за 90%. Подготовката на ваквата стретегија за Сараево, кој е еден од најзагадените градови и во регионот и во светот, е најавена уште во 2020 година.
Примената на мерките од Стратегијата, предвидува меѓу останатото и субвенционирање на мерки за енергетска ефикасност и замена на енергентите во околу 20.000 објекти. Неодамна е објавен и попис на сите домаќинства во Кантонот Сараево кои користат цврсти горива. Определени се и приоритетни зони за имплементација на мерките, врз основа на квалитетот на воздухот, како и нивното влијание врз поширокото подрачје. Критериумите биле: бројот на ложишта и дисперзионо моделирање, влијанието врз здравјето на населението, густината на населеност, положбата на зоната во котлината во однос на инверзиониот слој, како и нејзиното влијание врз дугите подрачја во котлината. Меѓу мерките се и усвојување на нова регулатива со која ќе се воведе сертификација на котлите и печките кои имаат ниски емисии, подобрување на урбанистичкото планирање и сл.
За спроведување на Стратегијата потребни се околу 380 милиони конвертибилни марки (околу 190 милиони евра), кои се планира да се издвојат од буџетот и од други домашни и странски извори. Владата ан Кантонот Сараево ќе се задолжи кај Светска банка за имплементација на проект за унапредување на квалитетот навоздухот, во рамките на кој планирани се околу 12 милиони евра за почеток на имаплементаијата на оваа Стратегија.