Строгиот центар на Сараево ќе добие „зелена“ фасада во вид на вертикална градина, која ќе биде прва од ваков вид на Балканот. Растенијата наскоро ќе бидат засадени на фасадата на зградата која се наоѓа на улицата Маршал Тито, покрај Централната банка, која е една од најпрометните улици во најзагадениот дел на градот. Проектот го финансираат Општината Центар и УНДП, и во моментот се усогласуваат сите детали. Проектот ќе чини околу 25.000 евра.