Во настојувањето да го намали енормното загадување, Кантонот Сараево одлучи од 29.12.2015 година да воведе забрана за движење на автомобилите чии мотори имаат норма помала од ЕУРО3. Мерките не с еоднесуваат на возилата на полицијата, инспекциите, министерството за одбрана, јавниот градски превоз, волизата со дипломатски таблички и возилата за итни интервенции.
ЕУРО 3 е назив за регулатива на Европската Унија со која се пропишани горните граници на емисиите на штетни материи во издувните гасови на моторите. ЕУРО3 е воведена во ЕУ во 2001 година, при што горната граница на цврсти честички за дизел мотори е ограничена на 0.05 g/km. За споредба, ЕУРО1 кој е воведен 1993 дозволува емисија на PM од 0.14 g/km