Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ги санираа пешачките патеки на надвозникот на булеварот „Крсте Мисирков“, кај Бит-пазар.
Во текот на изминативе денови оштетениот асфалт на патеките беше раскопан на површина од 900 квадратни метри, беа отстранети оштетените бетонски капаци на тротоарите и беа поставени нови капаци. На пешачките патеки е нанесен нов асфалтен слој.
За овој градежен зафат што треба да придонесе да се зголеми безбедноста на пешаците што го преминуваат надвозникот на булеварот „Крсте Мисирков“, Градот Скопје потроши околу 950.000 денари.