Заврши санацијата на покривната конструкција на зградата на Музеј Куманово позната како Лапидариум, која се наоѓа во центарот на градот.
Санацијата беше спроведена преку годишната програма на Министертвото за култура за 2015 година, а по барање на кумановскиот музеј.
– Со санацијата значително се подобрени условите и функционирањето на овој објект – стара зграда која бара тековно санирање, изјави Анита Цветановска, директр на НУ Музеј Куманово.
Во Музејот се сместени три постојани поставки: историската, етнолошката и археолошката, а за јавноста постојано се организираат манифестации, изложби и други културни настани.