Предвидените активности од акцијата за ,,крпење‘‘на ударните дупки во градот за втората половина од јули се во целост реализирани, информира порталот „24Струмица“. Согласно Програмата за патишта и улици за 2014 година на општина Струмица, во изминативе денови завршена е санацијата на дупките на булеварот ,,Климент Охридски‘‘ (спроти Здружението на возачи), на раскрсницата од улиците ,,Братство и Единство‘‘ и ,,Браќа Миладинови‘‘, булеварот ,,Ленинова‘‘ и улицата ,,Братство и Единство‘‘.
Според информациите од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, ,,крпењето‘‘ на дупките времено ќе биде во мирување поради најавите дека Асфалтната база во Валандово во наредните неколку денови нема да работи. Во наредниот период ќе се вршат подготвителните работи, неопходни за финалното крпење на дупките, а акцијата се очекува да продолжи во текот на месец август.