Оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со санирање на штетите и пополнување на ударните дупки низ охридските улици по снежното невреме кое го зафати градот во текот на изминатиот период, пишува OhridNews.
Во текот на изминатите два дена се работело на санација на ударните дупки на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“.
Од општина Охрид најавуваат дека акцијата за санација на штетите низ охридските улици ќе продолжи со несмалено темпо и во наредниот период.