Насловна / Вести / Санација на хидротехнички тунел во рудникот „Саса“

Санација на хидротехнички тунел во рудникот „Саса“

ИНВЕСТ А Скопје е фирма членка на групацијата АДИНГ, основана во 2001 година со работен фокус на специфични градежни изведби и решенија. Еден од повеќето специфични реализирани проекти низ годините е и санацијата на хидротехничкиот тунел  „Саса” кој се наоѓа во истоимениот рудник за олово и цинк во Македонска Каменица.

Хидротехничкиот тунел е со должина од 1925 m и е во функција од 1975 година. Притоа, истиот бил постојано изложен на агресивни механичко-хемиски влијанија и како последица на ова некои делови имаа претрпено значителна штета и детектирана е неопходност од постапка за санација и заштита на конструкцијата.

sl1_resize

sl2_resize

Работите отпочнаа во зимата 2016-та година и во процесот на санација учествуваа 15 вработени од нашиот тим, кои заради потребната изведбена динамика работеа во 3 смени, во континуитет од 60 работни дена и истите се одвиваа според нормите за санација по европскиот стандард EN 1504 кои вклучуваа:

– изведување на обемни тестови на бетон и конструкција;

– геомеханички и хидролошки тестови;

– хемиски испитувања на вода;

– идентификување на причините за структурно оштетување;

– одредување на состојбата на бетонската конструкција;

– избор на материјали и методологија за поправка-заштита на конструкцијата;

– утврдување мерки за заштита при работа и заштита на животната средина.

Тестовите покажаа различен степен на оштетување на носечката конструкција на тунелите и каналите за водоснабдување. Неконтролираното продирање на вода низ пукнатините од sидовите на тунелот веќе имаа предизвикано големи штети на бетонската конструкција, кои имаа потенцијал да предизвикаат колапс на тунелот, губење на неговата функционалност и со самото тоа еколошка хаварија.

Со оглед на значењето на објектот, санацијата имаше за цел да ја врати стабилноста и функционалноста на конструкцијата, да спречи понатамошни загуби на вода низ каналот и да се заштити од агресивните механички и хемиски влијанија.

ФАЗИ НА САНАЦИЈА:

Обезбедување услови за спроведување на работа, безбедносни мерки и заштита на животната средина

Поради специфичноста на објектот, неговата непристапност и структурата на теренот, материјалите се транспортираа со рачна количка, што беше макотрпен процес пред отпочнување на санацијата. Заради обезбедување на услови за непречена и безбедна санација на тунелот, протокот на вода беше преку систем на цевки поставени низ самиот тунел, а водата беше прифатена со изградба на привремена брана „загата“.

sl3_resize

2.   Запирање на активни продори на вода

Онаму каде што инфилтрацијата на вода беше најголема, истата беше прифатена и спроведена во главниот тек на вода низ тунелот, додека на делови каде надворешниот воден притисок и продирања беа со помал интензитет, се санираа со инјектирање на 2-компонента полиуретанска смола која во контакт со вода врзува во рок од 30 секунди и ги затвора шуплините и празнините во бетонот, спречувајќи го понатамошниот продор на вода.

sl4_resize

sl5_resize

3.   Санација и подготовка на бетонска подлога и ѕидовите на тунелот

Најголемо оштетување на конструкцијата се јавуваше на дното на тунелот во речното корито. Во тие делови, неопходна беше конструктивна реконструкција со арматура и малтер со висока јачина и отпорност на абење (вода и цврст материјал носен од неа). За таа цел беше наменски побарана нестандардна верзија на материјалот Ексмал од Адинг и од нивниот R&D тим беше развиена нова рецептура базиранa на цемент и полимер, именувана како Ексмал 16 САСА и применет во оваа фаза од санацијата. Овој производ е сертифициран според највисоката класа на материјали за структурни поправки со јачина на притисок од над 50 MPa и голема отпорност на абење при голема изложеност на вода и тврд материјал.

sl6_resize

sl7_resize

sl8_resize

Во текот на санацијата, рачно се транспортирани, подготвени и вградени 150 тони од материјалот Ексмал 16 САСА.

sl9_resize

Ѕидовите на тунелот се санирани со полимер-цементен малтер за поправки Репартур Малтер Ф, додека изложената арматура е заштитена од корозија со нанесување на заштитна обвивка на Репаратур Пенетрат исто така производи на Адинг.

sl10_resize

По завршувањето на санацијата, бетонската конструкција на тунелот е заштитена со премаз од епоксидна смола Адингпокс 1, за дополнително зголемување на механичката цврстина и отпорноста на абење на објектот.

Имајќи ги во предвид сите околности на објектот, зимските температури, влажноста, брзината на изведбата, нејзината динамика и на крај квалитетот на завршената работа, компанијата е горда на овој подвиг и на својот тим.

(Комерцијален текст)

Invest_A_jubilejno_logo_resize

Испрати коментар

Scroll To Top