Познатото архитектонско студио SANAA официјално го доби првото место на конкурсот за изградба на нова национална галерија во Будимпешта. Се планира објектот да се изгради до градскиот парк Varsoliget како дел од огромниот мастерплан од областа на културата, којшто вклучува и изградба на пет нови музеи. Во моментов ова е најголемиот проект за музејски објект во светот, чија изградба се очекува целосно да го промени изгледот на градот. Отворањето на националната галерија треба да биде кон крајот на 2019 година.