Насловна / Архитектура / Сан Сиро спасен од уривање поради неговото „културно наследство“

Сан Сиро спасен од уривање поради неговото „културно наследство“

Култниот Сан Сиро во Милано, кој требаше да биде заменет со стадион проектиран од бирото Populous, спасен е од уривање поради неговото „културно наследство“.

Стадионот, кој го делат италијанските фудбалски клубови Интер и Милан, од уривање го спаси Регионалната комисија за културно наследство на Ломбардија, поради културното значење на неговиот препознатлив изглед.

Foto: Arne Müseler

Првично проектиран од архитектот Ulisse Stacchini во 1920-тите, стадионот е проширен и реновиран неколку пати, а инженерите Armando Ronca и Ferruccio Calzolar ги додадале препознатливото второ ниво и скалите со рампа во 1955 година.

Сан Сиро, кој беше обемно реконструиран од миланското биро Ragazzi and Partners пред Светското првенство во Италија во 1990 година, требаше да биде заменет со стадион проектиран од архитектонското биро Populous наречен Катедрала.

s4

Сан Сиро во завршна фаза од неговата изградба во 1920-тите

Наместо тоа, Милан и Интер сега наводно бараат две посебни локации за нивните идни стадиони.

Dezeen пишува дека ако двата клуба тргнат по својот пат, Populous најверојатно ќе соработува со Интер на проектот за неговиот иден стадион поради неговите историски врски со клубот. Клубот наводно планира новиот стадион да биде лоциран во областа Rozzano, на југот на Милано.

Додека пак се зборува дека Милан планира да изгради стадион во San Donato Milaneseu, каде што клубот се здобил со мнозински удел во компанијата Sportlifecity, која има права за развој на земјиштето во областа, според весникот The Stadium. Новиот стадион на Милан би имал капацитет од 60.000-70.000 седишта.

s1

Стадионот Сан Сиро важен „за заштита на меморијата“

Вестите од Сан Сиро доаѓаат откако италијанскиот потсекретар за култура, Vittorio Sgarbi, во јануари годинава вети дека стадионот нема да биде урнат.

„Убеден сум дека стадионот не треба да се урива, не толку поради неговата архитектонска вредност, колку поради важноста како симбол и за заштита на меморијата“, изјави Sgarbi, за италијанскиот весник Il Giorno и додаде: „Поради ова, ќе ги преземам сите неопходни чекори за да го спречам неговото уривање.“

s2

проектот на Populous

Стадионот на Populous кој требаше да го замени Сан Сиро беше инспириран од едни од најпознати градби во Милано, катедралата Дуомо и шопинг центарот Galleria Vittorio Emanuele. Просторот околу стадионот беше предвиден само за пешаци, а постоечкиот паркинг требаше да биде преместен под земја.

s3

проектот на Populous

Испрати коментар

Scroll To Top