San Simón Cabins се бунгалови сместени во шума на околу 20 минути од езерото во Valle de Bravo, Мексико. Проектот се состои од пет волумени распоредени на земјиште со површина од 5.000 квадратни метри, со цел да се прилагоди на опсежната архитектонска програма, со најмалку влијание врз постојната вегетација на местото.
Со таа цел, наместо голема интервенција на локацијата, која би барала сечење на дрвјата, различните бунгалови се движат помеѓу празнините кои природно постојат меѓу дрвјата, истовремено интегрирајќи ги во архитектурата.
Проектот изработен од мексичкото архитектонско биро Weber Arquitectos е бунгалови за одмор. Четири за гости и главна куќа во која е сместен домот на клиентот го сочинуваат ова извонредно место за одмор и релаксација. Сите објекти се орјентирани така што е овозможено да се искористи целата предност на природната светлина, а воедно и да се добие неверојатен поглед кон шумата. Покрај тоа, секој бунгалов има своја пространа тераса, а сите бањи имаат внатрешен поплочан двор со вегетација. Волуменски бањите се разликуваат од просториите со помала висина и се врамени со решетки од дрво, кои ја филтрираат светлината и даваат приватност.
Доминантни материјали се вулкански камен, кој ги покрива ѕидовите во контраст со локалните борови греди кои ја формираат структурата. Ентериерот на ова викенд прибежиште е споен со архитектурата, со цел создавање топла атмосфера, со јасни линии и современи детали.
Мебелот и сите декоративни елементи се избрани и дизајнирани од бирото земајќи го во предвид шумското опкружување, давајќи природен изглед преку белото дабово дрво, избрано да се комбинира со останатите завршни елементи. Палетата на бои во целина е многу трезвена и силна, отсликана и на фасадата и во ентериерот.