Компанијата Samsung ја направи досега највредната инвестиција за влез во авто индустријата преземајќи го американскиот производител Harman за осум милијарди долари. За преземањето Samsung плати по 112 долари за акција во готовина.
Harman International Industries е еден од лидерите во областа на автомобилските борд ситеми, особено како што се мултимедијалните. Во моментов повеќе од 30 милиони возила во целиот свет се опремени со нејзини состави и инфо-комуникациски системи за безбедност и поврзување.
Од Samsung гледаат сериозен потенцијал со преземањето на американскиот гигант. Во портфолиото на Harman се вклучени најпрестижните марки на пазарот JBL, Harman Kardon, Mark Levinson, AKG, Lexicon, Infinity и Revel, како и врвните за автомобилската индустрија Bowers & Wilkins и Bang & Olufsen.
По оваа инвестиција Samsung најави голема конкуренција и борба и на пазарот со другите технолошки гиганти, како што се Apple и Google.