Компанијара „Самсунг“ им се извини на работниците кои заболеле од рак работејќи во фабриките на овој гигант. На овој начин завршен е судскиот спор кој трае веќе десетина години, откако таткото на една поранешна работничка почината во својата 22-ра година, потпиша нагодба со еден од претседателите на компанијата Ким Кинам.
“Искрено жалиме и се извинуваме на сите заболени работници и на нивните семејства. Не успеавме правилно да ги решиме здравствените ризици во нашите фабрики за LCD и полупроводници“ вели Ким Кинам. Според спогодбата која е потпишана минатиот месец, „Самсунг“ ќе исплати оштета од 133.000 УСД по лице, на група поранешни работници.
Надоместокот ќе им с еисплати на лица кои заболеле од 16 различни видови на карцином, жените кои имале спонтани абортуси, и оние семејства кои добиле деца со пречки во развојот.
Сепак, „Самсунг“ одби да открие кои штетни супсанции се користат во производството, истакнувајќи дека се работи за деловна тајна.