Експертски тим од Технолошкиот институт (МИТ) во Масачусетс, разви нов начин на производство на стакло кое може од обично да стане целосно непровидно. Тоа отвора можност за заштеда на енергијата со блокирање на сончевата светлина во текот на топлите денови, со помало користење на клима уредите. Како што е објавено на сајтот на тој факултет, иако постојат слични примери на самозатемнувачко стакло, овој нов откриен начин е многу подобар бидејќи стаклото станува целосно црно и тоа за многу покусо време од што беше случај досега.