„Шкотските граѓани можно е да плаќаат значително повисоки сметки за енергија, доколку Шкотска се одлучи за независност на претстојниот референдум“, објави британската влада која го брани ставот за единствен енергетски пазар. Од друга страна, пак, владата на Шкотска тврди дека земјата има капацитет за економска независност, сметајќи пред сè на приходите од енергетскиот сектор, како и производството на нафта и гас во Северното Море.
Шкотскиот министер за енергетика истакнува дека 25% од сегашното производство на електрична енергија во Шкотска се извезува за покривање на потрошувачката во останатите делови од Велика Британија.
Извор: UPI