Утре (14 декември) во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба „Континуум“ на мултимедијалниот уметник Игор Јосифов.
Изложбата ќе содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови, кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.
На оваа изложба премиерно ќе бидат презентирани уметнички дела на Јосифов, кои подоцна ќе бидат изложени во Defibrillator Performance Art Gallery во Чикаго, САД, каде што ќе се заокружи оваа уметничка целина.
Преку делата на „Континуум“ Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што оганот како алатка во уметничките перформанси го овозможува за транформација.
„Континуум“ претставува инспирација од неговиот мултимедијален проект „Антаи“, но вродува нови обемни уметнички дела кои премиерно ќе бидат прикажани во МКЦ.
Проекцијата на филмовите на Јосифов ќе се одржи утре со почеток во 21.30 часот во кино „Фросина“, по отворањето на изложбата.
Хана Регев, која беше куратор на „Дада сега и овде“ на Интернационалниот уметнички фестивал во Сан Франциско 2016 година, каде што Јосифов се претстави со Untie, при рецензијата за неговото дело запишува дека тој поставува егзистенцијално прашање за слободата и балансот.
– Со Untie, уметникот ги евоцира многуте битки и прикажува една континуирана линија од дадаистичките почетоци, до прославата на стогодишнината на „Дада тука и сега“, која оддава почит на раните дадаистички пионери, кои се бунтуваа против опресивната уметничка крутост, во уметност и во секојдневното општество. „Антаи“ е моќен симбол на принципот на јадрото кое се дели од страна на уметници и граѓани кои ja окупираат глобалната сцена – рецензира Регев.