Насловна / Арт и дизајн / Самостојна изложба на Дита Старова Ќерими

Самостојна изложба на Дита Старова Ќерими

Од денес до 22 декември 2020 година во Културно-информативниот центар – Скопје,  ќе биде поставена изложба на слики на ликовната уметница Дита Старова-Ќерими. На изложбата, авторката ќе се претстави со 15 дела, работени во техника акрилик на платно, создадени во поново време

01_resize

Д-р Дита Старова – Ќерими е академска сликарка и доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ  Колеџ Скопје. Првата сликарска наобразба ја добива во Париз, во „Lycée Janson de Sailly“, а во родниот град Скопје, по завршувањето на Државното средно училиште за уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски’’ дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“, во класата на Симон Шемов. Докторира во 2014 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ на тема „Муралното сликарство во исламските сакрални градби во Република Македонија низ практична анализа на човековиот придонес“, под менторство на проф.др. Мехмет Ибрахимгил од Гази Универзитетот во Анкара. (Турција).

02_resize

Како афирмирана ликовна уметница, во својата професионална биографија Дита Старова – Ќерими досега има нотирано 14 самостојни и над 50 групни изложби во Македонија, САД, Франција, Турција и Косово. Добитничка е на бројни домашни и странски признанија.  Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на Музејот на современа уметност и на Националната галерија на Република Македонија во Скопје како и во колекции во Канада, Турција и Франција. Таа е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), на Здружението на уметници „Аrt Vizion“ од Скопје, како и на Здружението на уметниците на Македонија „Драудакум“. Добитник е на наградата „13 Ноември“, доделена од Градот Скопје, во областа на културата.

Актуелен директор на Националната галерија на Македонија е од 2015 година.

Starova cover_resize

Испрати коментар

Scroll To Top