Насловна / Архитектура / Самоодржливи канцелариски простори за Buck O’Neill Builders

Самоодржливи канцелариски простори за Buck O’Neill Builders

самоодржливи канцелариски простории за Buck O’Neill Builders05Креатор на овие канцелариски простори е студиото Jones | Haydu, два креативни и перспективни ума, со неизмерна верба во самоодржливите градби. Лоциран во Сан Франциско, просторот не поголем од 100м² во себе сместува работни катчиња, приватна канцеларија, конференциска сала и чајна кујна и е организиран на начин да се максимизира неговата ограничена функционалност, пенетрацијата на дневна светлина, обезбедувајќи просторност со континуирана комуникација.

самоодржливи канцелариски простории за Buck O’Neill Builders03 самоодржливи канцелариски простории за Buck O’Neill Builders04самоодржливи канцелариски простории за Buck O’Neill Builders01самоодржливи канцелариски простории за Buck O’Neill Builders Земајќи ја в предвид големината на просторот, како и бројот на потребни содржини, палетата на применети материјали е сведена на минимум, додека пак особено внимание е посветено на зелените сегменти и рециклираните материјали. Како главен фокус во ентериерното уредување се појавува „живиот ѕид“ од различни типови на растенија кој придонесува за зголемување на филтрацијата низ канцелариите.самоодржливи канцелариски простории за Buck O’Neill Builders02

Испрати коментар

Scroll To Top