Алекси Хаутамаки, просторен дизајнер и основач на креативната агенција Бонд и графичкиот дизајнер Мила Селкимаки, дизајнирале колиба која е подигната за да создаде идеално место за одмор за себе и за неговиот син. Оваа куќа се наоѓа во финскиот архипелаг, што е точно на работ на југоисточниот дел на националниот парк. Иако изгледа како куќата да е целосно изолирана од цивилизацијата, таа е оддалечена само дваесетина минути возење со брод од најблиското пристаниште.
“Зградата оддава почит на традиционалната естетика на финскиот архипелаг, со долги настрешници, продолжени олуци и дрвени вертикални обложувања“, вели Алекси.
Кабините се долги и тесни, овозможувајќи поставување на големи застаклени површини кои нудат погледи на природната убавина, како и можност за организирање на разни функции на спротивните краеви на имотот.
Главната зграда има дневна соба со трпезарија и кујна, како и дел за спиење, додека другата има сауна и работилница.
Прекриената тераса продолжува кон дневната соба, а во исто време е надополнета со сауна, туш и тоалети.
Втората единица има работилница што им служи како втора канцеларија кога не се во Хелсинки, но и како место каде што прават разни артикли.
Иако колибата е скромна по големина, тоа не значи дека е мала.
“Визијата беше да се обезбедат сите потребни работи во што е можно помалку простор. Сите индивидуални простори се дизајнирани да бидат колку што е можно покомпактни без да се загрозат функционалноста и удобноста“, вели Алекси, што се покажало како вистина, со оглед дека вкупната површина на зградата е 70 квадратни метри и може удобно да спијат десет лица.
Оваа куќа користи соларна енергија, а со помош на филтер морската вода се користи за пиење. Објектот има целосно воспоставен водовод и канализациски систем, како и систем за ладење и греење.
Традиционалната финска печка на дрва Кота Луосто, која е поставена во сауната, ја загрева водата и подовите низ целиот имот.
Со цел подобро да се интегрира објектот во природната средина, тој се наоѓа скоро покрај самата вода. Карпениот терен е олеснет преку систем на дрвени патеки во вкупно 1.394 квадратни метри.