Насловна / Архитектура / Самоодржлив резиденцијален објект во облик на турбина за ветер

Самоодржлив резиденцијален објект во облик на турбина за ветер

Лоциран на пристаништето во Ротердам, Холандија, објектот „Windwheel“ претставува нов концепт за самоодржлив објект кој има облик на турбина за ветер. Дизајниран е од страна на компаниите BLOC, DoepelStrijkers и Meysters.

слика-1

Во неговиот волумен сместени се вкупно 72 апартмани, поставени во рамките на челична конструкција и стаклена фасада. Објектот истовремено служи како турбина за ветер, опремен е со опрема за зачувување дождовница, структура за рециклирање на водата и структура за произведување на био-органски отпад.

слика-2 слика-3 слика-7

Целата конструкција е дизајнирана како склоп на два прстени поставени над водна површина, со што се добива впечаток дека тие лебдат. Од ентериерот се овозможуваат погледи кон околината на Ротердам. Освен резиденцијалниот дел, програмата е проширена со хотел, комерцијали единици и ресторан.

слика-4 слика-5 слика-6 слика-8 слика-9

Испрати коментар

Scroll To Top