Холандската дизајнерска компанија со седиште во Амстердам, Pikaplant, дизајнираше колекција на самонаводнувачки продукти со цел процесот на одгледување растенија да стане полесен. Главен дизајнер на овој продукт е Холанѓанецот Daniel Sutjahjo.
Моментално постојат три продукти: самонаводнувачки систем од полици наречен „One“, каде што над самата структура е поставен транспарентен резервоар со вода; потоа растение „Tableau“ во форма на лента која има самоослободувачки резервоар; и биотоп за рециклирање на вода „Jar“. Сите три продукти се дијазнирани автоматски да ги нахранат растенијата и се поставени на три одделни полици. Во целиот систем е интегриран детектор за влажност, кој го блокира протокот на вода кога полицата веќе содржи доволна количина на вода.