Насловна / Архитектура / Самоодржливи „пловечки градови“ на иднината

Самоодржливи „пловечки градови“ на иднината

Градовите на вода иако на многумина им изгледаат како утопистичка идеја, сепак се претпоставува дека можат да станат реалност најкасно до крајот на 2020 година. Ваквите самоодржливи океански населби би можеле да бидат решение за голем број општествени проблеми, како што се пренаселеноста и зголемувањето на нивото на океанските води. Во моментов се актуелни повеќе проекти на еколошки „пловечки градови“, кои наскоро човечката популација може да ги нарече свој дом.

пловечки-град-1

1. Самоодржливиот град во Кина

Кина денес има сериозни проблеми со пренаселеноста, а ваквите океански градови кинеските градежници ги сметаат како оптимистичка опција за решавање на проблемот. Градежната фирма AT Design Office нуди решение преку формирање на пловно земјиште со префабрикувани шестаголни модули. Островот е проектиран како самоодржлив, енергетски ефикасен, присуството на јаглерод е сведено на нула и исто така вклучува вертикални фарми и рибници за сопствено производство на храна.

пловечки-град-22. „Ноевата арка“

Спрските дизајнери Александар Јоксимовиќ и Јелена Николиќ за овој проект ја освоија наградата 2012 eVolo Skyscraper Competition. Пловечкиот град е самоодржлив, со обновливи извори на енергија, а самата структура се состои од повеќе „прстени“ кои формираат земјоделски области, а во центарот е водна површина.

пловечки-град-33. X SEA TY

Градот X SEA TY е проектиран од архитектонскто студио X-TU. Тој го прочистува воздухот преку апсорбирање на карбон диоксид. Дизајнот се состои од повеќе кули кои се израбтени од порозна бетонска структура покриена со алги. Алгите произведуваат био-гориво за напојување на самоодржливиот град.

пловечки-град-44. „Градот на жетвата“

Овој самоодржлив град е проектиран од тимот архитекти Tangram 3DS и E. Kevin Schopfer. Проектот за првпат е објавен во 2010 година по големиот земјотрес во Хаити со цел обновување на земјата. Островот е составен од повеќе пловечки структури меѓусебно поврзани. Во центарот се поставени урбаните функции, како што се канцеларии, oбразование и лесна индустрија, а во периферните делови се наоѓаат земјоделските поседи.

пловечки-град-55. „The Lilypad“

Проектиран од страна на Vincent Callebaut, ова е еден од најубавите пловечки градови. Дизајниран е во форма на цветот крин во кој може да се сместат околу 50 илјади луѓе. Самоодржливиот град има обновливи извори на енергија, а присуството на јаглерод е сведено на нула.

пловечки-град-66. „Green Float“

Јапонската фирма Shimizu Corporation е проектант на серијата модуларни острови во кои можат да живеат дури до еден милион луѓе. Надополнети се со еколошки облакодери кои се високи до 1.000 метри поставени во центарот на секој од островите и имаат вертикални фарми. Во програмата на градот вклучени се канцелариски простори, резиденцијални и комерцијални делови.

пловечки-град-77. „Silt Lake City“

Проектанти на овој град се тимот студенти по архитектура Margaux Leycuras, Marion Ottmann и Anne-Hina Mallette. Градот е лоциран во езерото Насер, кое е едно од најголемите вештачки езера во светот и има за цел да ги контролира поплавите во долината на реката Нил. Градот вклучува резиденцијален дел, земјоделски поседи, бизнис цетри и генератори на енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top