Насловна / Архитектура / Само во Лондон: Стан со широчина четири метри и цена од милион долари

Само во Лондон: Стан со широчина четири метри и цена од милион долари

Без оглед на пандемијата што го потресе целиот свет, се чини дека пазарот на недвижности во Лондон цвета…

11_resize

Доказ за ова тврдење е ултра тенкиот имот во Кенсингтон, кој е широк само 3,96 метри, а се наоѓа во една од најтесните згради во Лондон и е мошне популарен. И покрај својот „слим“ ентериер, овој дом крие две спални соби и две бањи.

1_resize

Малиот стан се простира на површина од 53 квадратни метри и има бели ѕидови, две бањи, паметни вградени елементи и кујна која се карактеризира со сјајно бели плочки. Згора на тоа, главниот простор за живеење е свртен кон југ, што значи дека ужива максимално количество светлина во текот на целиот ден.

3_resize

4_resize

Исто така, овој дом содржи и тераса која е доволна за мал сет за седење и само неколку растенија. Според агентите за недвижности кои работат на продажбата на овој стан, неговите сопственици за фантастична сума од еден милион долари, ќе добијат единствена можност да живеат во добро позната локална туристичка атракција. Дали е навистина позитивно или не, одлучете сами.

2_resize

Овој дом првично бил уметничко студио, преживеал уривање на останатите градби во околината за време на изградбата на метрото кон крајот на деветнаесеттиот век. Тогашната влада на оваа локација ја запрела изградбата на влезот во метрото, па така овој стан останал недопрен.

9_resize

10_resize

Во официјалниот опис пишува: „Прекрасен стан со две спални соби и две бањи во поранешно уметничко студио, сместено на еден од најубавите плоштади во Кенсингтон и Челзи, со тераса свртена кон југ. Овој стан е идеално позициониран за сите љубители на шопинг, ресторани и кафулиња, со одлични врски со јавниот превоз“.

Ако сакате мали домови со вклучен луксуз, овој е за вас!

12_resize

8_resize

5_resize

6_resize

7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top