Реставрацијата на берлинската Нова национална галерија од Дејвид Чиперфилд, како и меморијалниот парк со центар за посетители изграден на местото на поранешната синагога од Дорта Мандруп, се меѓу 40-те европски проекти во најтесниот избор за овогодинешната награда Миес ван дер Рое.
Wadden Sea Centre, Dorte Mandrup, Данска
Проекти од 18 европски земји
Европската унија и Фондацијата Мис ван дер Рое обично ја доделуваат оваа награда на најдобриот европски архитектонски проект завршен во последните две години. Меѓутоа, во изданието за 2022 година ќе бидат прикажани и дела од изминатите две и пол години, бидејќи пандемијата ја одложи последната додела, пишува Dezeen.
Neue Nationalgalerie, David Chipperfield Architects, Германија
Оваа година, проекти во потесниот избор може да се најдат во 18 различни европски земји. Австрија, Франција и Шпанија имаат најмногу проекти во потесниот круг – по пет – по што следат Белгија, Германија и Обединетото Кралство, со по три проекти.
Данска, Финска, Полска и Португалија имаат два проекта во потесен избор, додека Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Романија и Словенија имаат по еден проект.
Најголем дел од проектите кои влегоа во потесен избор оваа година се колективно становање, со дури девет објекти за оваа намена. На листата се најдоа и седум објекти на културни институции, како и шест згради со мешана намена.
85 Social Housing Units in Cornellà, Peris + Toral Arquitectes, Шпанија
Церемонијата на доделување во мај во Барселона
Потесниот избор е направен од жири составено од архитект Татјана Билбао, новинарка и кустос Франческа Фергусон, архитект Миа Хег, историчарката на уметност Триин Ојари, архитект Георг Пендл, поранешниот заменик градоначалник на Солун Спирос Пенгас и архитект Марсел Сметс.
Петте финалисти за престижната награда ќе бидат објавени на 16. февруари, а проектите и новите победници ќе бидат објавени во средината на април.
EU Mies Awards Day, денот на доделувањето на наградите, ќе се одржи во павилјонот Мис ван дер Рое во Барселона во мај.
Melopee Multipurpose School Building, Geyter Architects, Белгија
ПРОЕКТИ ВО ПОТЕСНИОТ ИЗБОР ЗА НАГРАДАТА МИС ВАН ДЕР РОЕ
Австрија:
› Atelierhaus C.21, автор: Werner Neuwirth
› School Campus Neustift, автори: Fasch & Fuchs Architekten
› Reviltalization of a Town House, автори: Mia2 Architektur
› Gleis 21, автори: Einszueins Architektur
› New Gallery and Casemates/New Bastion, автори: Bevk Perovic Arhitekt
Белгија:
› Gare Maritime, автори: Neutelings Riedijk Architects
› Melopee Multipurpose School Building, автори: Geyter Architects
› Z33 House for Contemporary Art, автори: Francesco Torzo
Prague Eyes – Riverfront Revitalization, Petr Janda, Чешка
Чешка:
› Prague Eyes – Riverfront Revitalization, автор: Petr Janda
Данска:
› Wadden Sea Centre, автор: Dorte Mandrup
› Malt Factory, автори: Praksis, VMB Restoration Architects, Kirstine Jensen Landscape Architecture, Morten Skovmand Artist i Henry Jensen Engineers
Финска:
› Tikkurila Church and Housing, автори: OOPEAA Office for Peripheral Architecture
› Helsinki Olympic Stadium Refurbishment and Extension, автори: KS2 Architects Ltd and Arkkitehdit NRT
LocHal Public Library, Civic Architects, Braaksma & Roos architectenbureau и Inside Outside/Petra Blaisse, Холандија
Франција:
› Nursery and Primary School, автори: Atelier Julien Boidot
› Pierres Blanches Cultural Centre, автори: RAUM
› Railway Farm, автори: Grand Huit and Melanie Drevet Paysagiste
› Vertical Farm, автори: Ilimelgo and Secousses Architectes
› Student Residence and Reversible Car Park, автори: Baukunst and Bruther
Германија:
› Frizz 23, автори: Deadline (Britta Jürgens + Matthew Griffin)
› Housing Rack/Pre-fab House in Berlin, автори: FAR frohn&rojas
› Neue Nationalgalerie, автори: David Chipperfield Architects
Dexamenes Seaside Hotel, K-Studio, Грција
Грција:
› Dexamenes Seaside Hotel, автори: K-Studio
Унгарија:
› Extension and Reconstruction of the Vizafogó Kindergarten, автори: Archikon
Enrico Fermi School, BDR Bureau, Италија
Италија:
› Enrico Fermi School, автори: BDR Bureau
Холандија:
› LocHal Public Library, автори:Civic Architects, Braaksma & Roos architectenbureau i Inside Outside/Petra Blaisse
Норвешка:
› Vindmøllebakken, автори: Helen & Hard
Great Synagogue Memorial Park, Narchitektura/Bartosz Haduch, Полска
Полска:
› Local Activity Centre, автори: Marlena Wolnik MWArchitekci
› Great Synagogue Memorial Park, автори: Narchitektura/Bartosz Haduch
Португалија:
› Marquês de Abrantes’ Palace, автори: Ateliermob
› Portas do Mar – public space and car parking, автори: Carrilho da Graça Arquitectos
Романија:
› Apartments building Mumuleanu 14/Urban Spaces, автори: ADN Birou de Arhitectura
Market Square Ptuj, Arhitektura Krušec and Studio AKKA, Словенија
Словенија:
› Market Square Ptuj, автори: Arhitektura Krušec and Studio AKKA
Шпанија:
› Turó de la Peira’s Sports Center and Layout of the Interior Urban Block, автори: Arquitectura Anna Noguera and J2J architects
› Recovery of Merola’s Tower, автори: Carles Enrich Studio
› La Borda – Cooperative Housing, автори: Lacol
› Fabra & Coats & Social Housing, автори: Roldán + Berengué Arquitectes
› 85 Social Housing Units in Cornellà, автори: Peris + Toral Arquitectes
Town House, Kingston University, Grafton Architects, Велика Британија
Велика Британија:
› Hill House Box, автори: Carmody Groarke
› Second Home Offices in Holland Park, автори: SelgasCano
› Town House, Kingston University, автори: Grafton Architects