Насловна / Вести / Само „Бетон“ заинтересиран за панорамското тркало

Само „Бетон“ заинтересиран за панорамското тркало

rsz_панорам
На јавниот повик што го распиша ЈСП „Скопје“ за избор на изведувач на панорамското тркало со придружни објекти и мост што ќе се гради на реката Вардар се јавила само фирмата „Бетон“.Билјана Јанкуловска, шеф на кабинетот на директорот на ЈСП изјави дека вкупно 29 фирми ја подигнале тендерската документација, а четири од нив подигнале и цеде и биле заинтересирани за повеќе детали, но стигнала понуда од една македонската градежна компанија. Таа вели дека во рок од две недели Kомисијата за јавни набавки во ЈСП треба да одлучи дали фирмата „Бетон“ ќе го добие тендерот.

Kонкурсот за изградба на панорамското тркало, ЈСП го распиша лани на крајот од ноември. Според проектот за изградба, предвидено е освен тркалото и мостот, на средината на мостот да се изградат ресторан, кафе-бар, продавница за сувенири и билетарница. Тркалото ќе биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, со дијаметар од 57 метри. Ќе има 30 гондоли и капацитет за 240 возрасни и 60 деца.За изградба на тркалото се планирани околу 12 милиони евра, а парите ЈСП планира да ги обезбеди од донации и од сопствени средства. Панорамското тркалото треба да биде готово до 2019 година.

Испрати коментар

Scroll To Top