Насловна / Градежништво / Само „Бетон“ заинтересиран за градење на „Панорамско тркало“

Само „Бетон“ заинтересиран за градење на „Панорамско тркало“

beton panoramsko trkalo _1

Градежната фирма „Бетон“ единствената компанија која доставила понуда на тендерот што Јавното сообраќајно претпријатие го распиша за да најде изведувач кој ќе го изгради објектот „Панорамско тркало“. Тендерот беше распишан во ноември минатата година и 21 фирма ја подигнала тендерската документација. Доставила понуда само скопската фирма, но таа за шест милиони евра ја надминува првичната пресметка околу трошоците при изградбата.

„ЈСП“ се надеваше објектот да го изради за 12 милиони евра, инвестиција распоредена во шест години колку што е предвидено да трае изградбата. „Бетон“, пак, во својата понуда наведува дека проектот ќе го реализира за 18,5 милиони евра. При тоа за изградбата ќе бидат искористени 15,5 милиони евра, а околу 2,8 милиони евра е сумата за ДДВ.

beton panoramsko trkalo _2

Во проектниот план на „ЈСП“ стои дека објектот би се реализирал етапно, во рок од четири години. Од друга страна „Бетон“ се нуди изградбата на тркалото и на мостот да ја финализира за две години. Претпријатието во наредниов период ќе ја разгледа понудата на градежната фирма и дополнително ќе донесе одлука дали да ја прифати.

Панорамското тркало треба да се издигне на придружен мост во реката Вардар, помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камени мост. Освен овој реквизит, на мостот ќе се подигне и угостителски објект, ресторан или кафетерија, како и продавница за сувенири. Превозот на патници ќе се изведува со 30 гондоли со капацитет од по осум возрасни лица и две деца.

Испрати коментар

Scroll To Top