Големиот самит за климата на ОН, кој во Париз на 30 ноември треба да собере 50.000 луѓе, сепак ќе се одржи иако е сериозно засенет со неодамнешните терористички напади. Некои промотивни настани како webcast од Ајфеловата кула веќе се откажани. Американскиот претседател Обама и десетици светски лидери, како и илјадници еколошки активисти ќе допатуваат во Париз.
Нејасно е дали нападите кои се случија ќе доведат до одлговлекување на преговорите на кои се работи во последната година, но потполно е јасно дека мерките за безбедност ќе бидат на драматично високо ниво.
Аналитичарите оценуваат дека Барак Обама како голем адвокат во борбата против климатските промени, ќе го искористи париското крвопролевање за да укаже уште еднаш на сериозноста на климатските промени како фактор кој ја поттикнува политичката нестабилност, сиромаштијата и радикализмот.