Насловна / Архитектура / „Самбадромот“ на Нимаер подготвен за олимпискиот маратон

„Самбадромот“ на Нимаер подготвен за олимпискиот маратон

Стадионот „Самбадром“ во Рио де Жанеиро, за време на ЛОИ 2016 e местото каде што се одржуваат спортските натпревари во стрелање со лак, лесна атлетика, како и стартот и финишот на олимписката маратонска трка.sambadrom_05

Овој објект е фокусна точка на Бразил кога се работи за спектаклот Samba School’s parades, најголемиот карневал во светот, кој се одржува секоја година во зима.

Стадионот е изграден во 1984 година.sambadrom_09

Дизајниран од легендарниот бразилски архитект Оскар Нимаер, а лоциран на Marques de Sapucai Street, објектот „Самбадром“ бил изграден за време на првата влада на Леонел Бризола (1983 – 1987), со намера на Рио да му обезбеди урбан објект кој ќе служи како постојана локација на традиционалниот спектакл посветен на самбата.sambadrom_04

Инаугуриран во 1984 година, официјалното име на „Самбадром“ е Catwalk Professor Darcy Ribeiro (1922 – 1997), од почит кон познатиот бразилски антрополог, писател, едукатор, професор, политичар, поранешен министер и заменик-гувернер на државата Рио де Жанеиро за време на изградбата.sambadrom_03

Во рамките на подготовките на постојано растечкиот годишен карневал и на актуелните ЛОИ 2016, „Самбадром“ бил подложен на реконструкција за да се прошири капацитетот на арената од 60.000 на 90.000 места за седење. Седиштата на бетонскиот стадион се поделени во посебни сектори, нудејќи различни аранжмани и погодности за седење, во однос на 700-метри долгата и 13-метри широка Parading Avenue. На крајот на оваа „модна писта“ се наоѓа грандиозна арка Parabolic Arch, лоцирана на Apotheosis Square, под која е сместен Museum of Samba.sambadrom_10

Реновирањето започнало на почетокот на 2011 година и речиси 600 работници работеле 24-часовна смена, а завршило во февруари 2012 година. Со цел да се зголеми бројот на седишта, била срушена поранешна фабрика за пиво.sambadrom_12 sambadrom_11 sambadrom_08 sambadrom_07

Цртежи и скици од Оскар Нимајер

sambadrom_02 sambadrom_01

За време на реконструкцијата на „Самбадром“ во 2012 година

sambadrom_06

Славниот архитект Оскар Нимаер, кој почина на 104 годишна возрат

Испрати коментар

Scroll To Top