Насловна / Архитектура / Сам изградил џиновска црква во форма на кокошка

Сам изградил џиновска црква во форма на кокошка

hram-kokoska1

Сокриен длабоко во џунгла во Индонезија, се наоѓа религиозен храм кој наликува на гигантска кокошка. Објектот одамна е напуштен, а меѓу жителите го има локалниот назив „Гереја ајам“ или во превод „Кокошкина црква“. И покрај тоа што внатрешноста е руинирана, надворешниот дел сè уште одолева на времето и токму заради ова, но и чудниот облик, претставува своевидна туристичка атракција. Објектот се наоѓа во една од џунглите на ридовите Магелан во централна Јава, Индонезија.hram-kokoska2

Според појаснувањето коешто се нашло како инспирација и за новинарски текст на еден новинар од Џакарта, објектот не е ниту кокошка, ниту црква. Според пишувањето, Даниел Аламсах кој живеел на околу 400 километри од „Кокошката храм“, еден ден добил порака од Бог да изгради храм со форма на шатка. Тој е оној што стои зад ова невообичаено градежно дело.

           – Можеби затоа што верски сум христијанин, многумина мислеле дека и објектот е црква. Но, тоа не е црква. Јас само сакав да изградам куќа за молитва чија основна намена ќе биде да се молиме на Бога – изјавил 67-годишниот Аламсах за весникот „Џакарта глоуб“.hram-kokoska3

Во 1989 година, тој со семејството живеел близу ридовите Магелан. Таму видел добра локација која му се укажала како одлична позиција за изградба на куќа за молитви. Чекал само откровение, некаков знак од Бога дека таму треба да почне да гради. По само една година, локалните власти му продале 3.000 м2 простор за изградба на објектот. Го платил само два милиони рупии или 150 евра, кои тој им ги исплатил за четири години!hram-kokoska4

Откако го изградил објектот, претставници на различни религиски групи десетина години доаѓале да се молат во „Црквата кокошка“. Самиот градител потврдил дека објектот бил искористен и како место за медитација и третман на различни зависници, заради мирот што го пронаоѓале тука. Но, во 2000 година, поради скапите трошоци, изградбата односно завршувањето на објектот, пред сè внатрешноста, е напуштена. И покрај тоа, таа и денес е посетувана од луѓе кои се молат, а најмногу од туристи кои за само 10 денари можат да престојуваат во празниот и мрачен објект.hram-kokoska5

Сепак, според очевидци, голем број на млади го осквернавиле објектот, бидејќи го користат за сексуални пориви. Ако дење се молат, младите од ближното село Лимус доаѓале во доцните ноќи каде правеле блудни чинови. Некои од туристите откако биле во објектот кажале дека тој е сериозно оштетен и може да се сруши. Забележале како потпорните греди се истрошени и има опасност од рушење. Во објектот има 15 соби од типот на спални, а само една соба има дури три бањи.

hram-kokoska7

                                                                                               

Испрати коментар

Scroll To Top