Насловна / Вести / Salton Sea: Најголемото вештачко езеро во Калифорнија, резултат на инженерска грешка

Salton Sea: Најголемото вештачко езеро во Калифорнија, резултат на инженерска грешка

Езерото Салтон е најголемо во Калифорнија и има површина од околу 970km2. Но, за разлика од другите езера, ова не е ниту дело на природата, ниту на инженерска креација, туку е резултат на инженерска грешка од пред 110 години. Со неговото создавање, градот Салтон е потопен, а езерото станува популарна дестинација за риболов и одмор во време на 50тите години од минатиот век. Но, денес, езерото се заканува да стане вистинска катастрофа за животната средина и јавното здравје. Но, да одиме по ред…

salton_sea1

Езерото се наоѓа во најнискиот дел на Салтонскиот басен, и неговата површина се наоѓа 71,9 метри под нивото на морето. Со широчина од 24 километри и должина од 56 километри, неговата длабочина варира во зависност од врнежите и дотоците. Максималната длабочина е околу 13 метри. Почвата во областа е исклучително плодна, но недостасувал еден од главните услови за земјоделство – извор за наводнување. Со цел решавање на овој проблем, започната е изградба на систем за наводнување во 1900 година, со мрежа од канали низ целата салтонска област. Но, каналите се покажале премали за да се справат со поголеми води и биле неквалитетно изградени, па во 1905 година се случува катастрофа. Силните долготрајни дождови и топењето на снеговите, предизвикале целосно уништуување на системот и сливање на водата во Салтонскиот басен. Санацијата и поправките започнале веднаш по катастрофата, но и по 18 месеци немало никаков успех. Немало начин да се спречи водата од реката Колорадо и други извори постојано да се слива во Салтонскиот басен. Градот Салтон бил целосно попопен и не можел да се спаси. Така настанува езерото.

salton_sea4

Во 1928 година, од страна на Конгресот било одлучено во езерото да се исфрла отпадна вода од земјоделието, а тој процес продолжил до денес. Денес, просечната длабочина на езерото е 9 метри. Иако во времето на создавање на езерото, многу видови риби мигрирале во новиот воден басен, наскоро тие угинале поради зголемената количина на сол во езерото резултат на испарувањето и отпадната вода со соли.

salton_sea6

salton_sea5

Периодот од 50-тите и 60-тите на интензивно рибарење и други активности од човекот, кога овој предел е користен како излетничко место, исто така се погубни за фрагилниот еко систем на езерото. Без постојани притоки, и со постојано додавање на отпадни води богати со соли, живиот свет во езерото постојано изумира. Во 1999 започнува изумирање дури и на поголемите видови риби и птици.

salton_sea3

Доколку езерото пресуши, тогаш тони и тони опасна прашина ќе биде сериозна закана за јавното здравје. Затоа сојузната држава Калифорнија додели средства од 2 милиони УСД за изработка на проектна документација за спас на езерото, додека федералната влада им одобрила 200.000 УСД на US Army Corps of Еngineers да помогнат во решавањето на проблемот.

salton_sea7

 

Испрати коментар

Scroll To Top