Насловна / Арт и дизајн / Salone del Mobile. Milano 2017: Заситеност на сите сетила

Salone del Mobile. Milano 2017: Заситеност на сите сетила

„Ќе се јаде ли нешто?“, неколку дена по враќањето од Милано, сè уште како ехо ја слушам таа реченица, која беше составен дел од уште едно убаво патување…

… , и уште еден кружен тек, а само што помислив дека е последниот во низата од стотици, или беа повеќе? Минувавме низ широки појаси природа која длабоко ја минува црвената линија на градот, обидувајќи се на сите начини да го скроти, да го смири тој наплив на креативна енергија. На само неколку километри од зоната Брера, низ која веќе пулсираа реки од луѓе незаситни од дизајнерската сатурација која владееше низ сите пори на Милано, ние бевме во потрага по нашето добро заслужено pranzo (ручек, во строго определен дел од денот). И како вистински локалци, токму навреме го откриваме скриениот влез во Grass De Rost (најверојатно строго чувана тајна) во миланското предградие Locate di Triulzi. Тоа е мало незабележително локалче кое токму за време на ручек, строго од 12 до 14 часот, се трансформира од безличен кафе бар во гастрономска палата вредна за „мишелин“ капи.Saemski kompleks Rho od Ma (2)

Саемски комплекс Rho од Маssimiliano Fuksas

Неколку вина подоцна и неколку километри подалеку, природата конечно е измамена, човековиот потег е јасен и силен, архитектонскиот печат на Масимилијано Фуксас ѝ опонира на природата што подмолно го заобиколува. Саемскиот комплекс Ро повторно како и секој април е под палката на организаторот Космит и случувањето iSaloni – Salone Internazionale del Mobile (интернационален саем за мебел), Euroluce (саем за осветлување), Workplace3.0 (саем за канцелариски мебел) како и SaloneSatellite (саем за млади креативци и креативни индустрии).

zivi sicilijanski divi rakovi

Живи сицилијански диви ракови

Господинот Клаудио Лути, претседател на оваа интернационална манифестација која собира рекордни бројки на изложувачи, на затворањето кажа: „Специјален момент во кој културата и индустријата заедно формираа интернационален бенчмарк, а воедно и модел на Италија која навистина функционира! Ова беше многу возбудлива недела, полна позитивна енергија и ентузијазам. Од самите производители кои се светски тренд сетери, архитектите што ја движат оваа машинерија, па сè до посетителите од цел свет кои дојдоа да го искусат сето тоа и да го осетат бруењето на Милано со сите свои паралелни случувања“.

standot na Vibia lighting

Штандот на Vibia Lighting

Саемот за мебел и осветлување во Милано 2017 низ бројки: 4-9 април, 343.602 посетители, 165 земји.

Целокупниот спој од дизајн, наплив од идеи, фантастични архитектонски простори, зачинети со динамично па сè до меланхолично осветлување, фасцинираше во сите домени. А ние го дегустиравме токму така: како гурмани, посетители, професионалци, пријатели, архитекти, новинари… Не можевме да најдеме маана, напротив, ни недостасуваа перцептивни капацитети за целата таа крпеница од новитети.

Како некоја традиција, а можеби и судбина, најинвентивната компанија за осветлување во светот „Инго Маурер“ (Ingo Maurer) секогаш нè пречекува при првиот наш чекор во престолнината на дизајнот. Во една од халите на Euroluce, која секогаш по некој случај ни е прва на нога, се протега импресивната поставка на германскиот дизајнер на светло. Додека нашата имагинација талкаше по формите на светилките, додека повторно бевме импресионирани од моделот Porca Miseria и од моделот Flying Flames, го забележувам лично господинот Инго Маурер, мојот идол, како стои токму таму. Веднаш сум до него, Инго е расположен за разговор, па тоа, со мојата сопруга и партнер Бојана Мирковска, го користиме на прав начин, брзо и експедитивно.

dav

Тимот на Порта 3 со Инго Маурер

ИМ: „Господине Маурер, многу ми е драго што лично Ве запознавам, ние сме од Македонија и пишуваме за списанието ’Порта 3‘, и таму го претставуваме вашиот бренд во нашата продавница ’Смарт Ливинг‘“.

Инго Маурер: „Па тоа е фантастично, отсекогаш сум сакал да ја посетам Македонија, мислам дека ќе биде одлична инспирација за мојот дизајнерски процес“.

ИМ: „Во тоа сум сигурен, Ве чекаме на гости J Вашиот креативен процес е уникатен, на што се должи?“

Инго Маурер: „Предметот и неговата морфологија се круцијален сегмент, голата сијалица е мојот лајтмотив. По еден оброк шпагети и едно шише вино во Венеција, се вратив во мојот мал апартман, помалку пијан, и смртно се вљубив во таа обична сијалица. Одеднаш ја видов поезијата и чистата функција како виси од таванот… како вам ви се допаѓа саемот во целост?“

ИM: „Па според мене, саемот треба да биде некое интимно претскажување на иднината на дизајнот“.

Инго Маурер: „Тогаш навистина сме осудени на пропаст, ова лудило и какофонија на дизајни, проституирање на сетилата, не води кон ништо… “.

dav

Porca Miseria – Инго Маурер

И навистина, помалку меланхолични со дефокусиран поглед продолжуваме понатаму, гледајќи не во туку низ останатите дизајни и производители на убави нешта. Нешто во зборовите на Инго ја отвори пандорината кутија преку чија леќа многу повидливи станаа комерцијалните елементи, репетицијата и агресивната сетилна заситеност на дизајнот во добата на капитализмот.

masa od karbonski vlakna

Маса од карбонски влакна

МИТ И СЕНЗАЦИЈА

Но имавме и ние свои асови во ракавот, свои пречистителни станици, како гладни патници застанувавме да ги корегираме перцептивните дисторзии, да ги изостриме повторно нашите сетила. Panzeri – фантастичниот производител кој од светлосниот круг и линија направи мит и сензација во исто време. Oty Light, пак, изненадија со својата нова чиста архитектонска форма. Шпанските Vibia, кои го предводат архитектонскиот моментум и заедно со италијанските Flos покажаа што значи вистинска архитектура. Во нејзиниот контекст, сплотени со просторниот дизајн на нивните павилјони, доминираа минималните форми на нивните светлечки тела, лесни, невидливи, нежни… Vibia одржа пристојна лекција по архитектура, урбан дизајн и боја, покажа дека ја познаваат работата многу подобро од нивните соиграчи, архитектите. Нивниот павилјон беше учебник за јавен простор и просторни димензии, кои на моменти ги засенија своите дизајни.Ditre Italia1

Ditre Italia1

Flos, пак, еден од најстарите и најмоќните играчи во доменот на професионално и декоративно осветлување, во преден план ги покажа своите фронтмени: Сарфати, Вандерс, Грчич и Старк. Formafantasma, студио за осветлување од Амстердам, се претстави во соработка со Flos преку нивната инсталација на кабли за струја, кои според нив треба да се потенцираат а не да се прикријат. Целиот павилјон наликуваше на архитектонски амалгам помеѓу Тадао Андо и метаболистите, кои материјализацијата ја користеа со многу префинет јазик. Нивниот павилјон, целиот излеан од бетон беше вистински храм на светлото.konceptualno razbivanje na klasicniot kristalen luster

Концептуално разбивање на класичниот кристален лустер

И оттука со притаен чекор, кој во неколку наврати прескокнуваше павилјони кои не успеаа да го надразнат нашето архитектонско либидо, се движевме во потрага по нови возбуди. Со суптилен темен тон, стакло и префинетост, му се доближуваме на павилјонот на Ditre Italia, италијанскиот производител на софи, кој зрачи со ексклузивност, но во исто време и смиреност на дизајнот. Прикриениот ретро изглед претопен со мистериозен елегантен манир, оддава дека токму комплексноста на бесконечните искушенија е двигателот, односно инспиративната патека преку која се презентира стилот и дизајнот. Веднаш е јасно дека се работи за привилегиран и ексклузивен вкус!

dav

Archibone

Денот одминува со некое чудно темпо, човек многу лесно се губи во тие просторно-временски инстанци кои павилјоните сами по себе во меѓусебна соигра ги креираат. И додека да трепнеш, додека да мине твојот израз во огледалото од Филип Старк или, пак, во водната површина на хоризонталната фасада на објектот на Фуксас, го напуштаме Ро упатувајќи се назад кон Тортона и Брера. Небаре таму ќе доживееме уште посилни сетилни дразби, назад во центарот на Милано, каде што наидуваме на генијални инсталации, поп-ап галерии, штандови за весници кои се трансформирани во барови на отворено. Токму на местото каде локалниот миланез токму вчера во мир го читаше својот утрински весник, сега стои ДЈ и забавува улична маса со даунтемпо звуци.dav

Davide Groppi – Moon

Ова случување е вистински конгломерат на различни урбани процеси и хармонизирана соигра помеѓу компании, уметнички галерии и улични инсталации, кое го посетуваат огромен број луѓе, не само со цел да го видат саемот за мебел и осветлување, туку и да го доживеат градот со целата своја аура, која благодарејќи на инклузивноста на сите градски институции ја претвора ломбардиската престолнина во светска престолнина на дизајнот.od standot na Masiero

Од штандот на Masiero

spagetti alle vongole

Spagetti alle vongole

Пишува: м-р Иван Мирковски, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Милано)

Фото: Иван Мирковски

 

Испрати коментар

Scroll To Top