Насловна / Вести / Salone del Mobile 2015, Милано – експресија на најдобрите дизајни на мебел од Италија и светот

Salone del Mobile 2015, Милано – експресија на најдобрите дизајни на мебел од Италија и светот

salone mobile 2015 i bojan ilievski

На 19 април оваа година се заврши 54. по ред издание на Саемот за мебел Милано 2015. Саемот и оваа година повторно го докажа својот интернационален идентитет кој се потврди преку огромниот број на посетители, односно 310.840 посетители од кои 69 проценти биле странски државјани. Претседателот на саемот Roberto Snaidero изјави дека овие бројки ја потврдуваат важноста и моќта на настанот што претставува експресија на најдобрите дизајни на мебел од Италија и останатите земји од светот.salone mobile 2015 i bojan ilievski (8)

Оваа година голем дел светски дизајнерски брендови и индивидуални дизајнери зедоа учество на престижниот саем за мебел, каде што се претставија со свои производи прикажувајќи ги односите помеѓу рачната изработка и дизајнот. Еден од најиновативните концепти посветени на дизајнот и технологијата на работното место, претставуваше инсталацијата ,,The Walk“ од дизајнерот Мишел де Лучи.

salone mobile 2015 i bojan ilievski (6)

Daniel Libeskind – Gemma Armchair

Главната идеја на инсталацијата е работниот простор да се гледа како фискултурна сала за умот, односно простор во кој ќе се генерираат нови идеи и можности во атмосфера на неоптоварен начин на живот.

salone mobile 2015 i bojan ilievski (7)

Ron Arad – Blur

Исто така, една од најпосетуваните изложби беше онаа на италијанската фирма ,,Euroluce“, која е водечка компанија од секторот за осветлување на интернационално ниво. Таа се претстави со разновидни решенија за осветлување во домовите, канцелариите, угостителството и надворешното осветлување. salone mobile 2015 i bojan ilievski (4)

David Chipperfield

Меѓу најзабележителните учесници оваа година беа архитектот Дејвид Чиперфилд, кој се претстави со елегантен дизајн на масата ,,Fayland“, клупата ,,Fawley“ и столот ,,Langley“, чии дизајни се одликуваат со линеарен и јасен структурален концепт; потоа, славната Заха Хадид со своите футуристички дизајни за рачки ,,Chevron“; архитектот Даниел Либескинд со дизајнот за стол ,,Gemma Armchair“; израелскиот дизајнер и архитект Рон Арад со креативниот дизајн на софа ,,Blur“; архитектот Давид Адјаве со мултифунционалото парче мебел ,,One Series“, прикажувајќи ја идејата за компактно живеење, и голем број други познати дизајнери и архитекти.

salone mobile 2015 i bojan ilievski (3)

EuroCucina

Во нашиот современ начин на живот, кујната полека прерасна во есенцијален простор во домот. Компанијата ,,EuroCucina“ ги претстави најновите модели на модерни кујни кои се спротивставуваат на ставот, дека модуларноста и ограниченоста во однос на димензиите го ограничува креативниот дух на дизајнерите.

salone mobile 2015 i bojan ilievski (9)

Бојан Илиевски: Во Македонија има потенцијал, но недостига храброст

Како дел од овогодишното издание на Неделата на дизајн во Милано, се претстави и нашиот млад дизајнер Бојан Илиевски од Скопје. Тој дипломирал на одделот за индустриски дизајн на Академијата за уметност во Софија, Бугарија. Илиевски е единствениот дизајнер од Македонија кој беше поканет да се претстави со свој производ на саемот оваа година. Специјално за „Порта 3“, разговаравме за неговото искуство од Милано.

salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski_5_

Со каков производ се претставивте оваа година на Саемот за мебел во Милано и што Ви претставуваше испирација за неговиот дизајн?

-Оваа година на саемот во Милано во нивната официјална публикација се претставив со два проекти: детската полица Neighborhood и Bar-Bench-Lounge. Инспирацијата за детската полица дојде кога ја подготвував изложбата за дизајн во детската средина каде што се беа прикажани производи наменети за деца, а идејата за клупата-лежалка-бар ги споив во едно и направив мултифункционален предмет со повеќе компоненти, што може да служи за многу различни намени и ќе има функција да се постави и во ентериер и во екстериер.salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski_4_

Дали е ова Ваше прво лично претставување и дали сте задоволни од Вашето изложување, а воедно и какво искуство ќе понесете од таму?

-Ова не е мое прво претставување, зад себе имам повеќе групни и две самостојни изложби, на саеми, недели на дизајн во државава, па и надвор, но Salone del Mobile Милано е најголемиот „Дизајн вик“ во светот и воедно најпосетуван.

 salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski_6_ salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski_7_

Дали успеавте да ја искористите можноста и да направите контакт со важни луѓе од оваа област?

-Сега е сè уште рано да се каже бидејќи саемот тукушто заврши, а имаше премногу излагачи кои требаа да бидат видени, но се надевам на соработка.

Дали мислите дека претставувањето на големи светски брендови на саеми од ваков тип го отежнува претставувањето и маркетингот на индивидуалните дизајнери и воедно каде ја гледате Македонија во однос на големите светски држави?salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski_2_ salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski salone_mobile_2015_i_bojan_ilievski_3_

-Секако дека штандовите на големите корпорации го делат најфреквентниот простор и најпосакуваниот, но тоа не е пречка да се истакнат и малите фирми или индивидуи доколку има претприемачи кои се заинтересирани за новите предлози на дизајнерите. Во Македонија има голем потенцијал во фирмите, но она што недостига е храброст да се изведат понесекојдневни дизајнерски решенија. Тоа е една од причините поради која италијанскиот дизајн е прославен и затоа дизајнерите од оваа земја немаат проблем да ги изведат своите дела.

Кој е идеалниот амбиент во кој Вие го замислувате Вашето дизајнерско парче мебел?

-Секојпат кога дизајнирам мебел имам на ум дека тоа парче треба да може да се приспособи во повеќе различни простории и да одговара на повеќе различни вкусови. Затоа, најголемиот предизвик за мене е да создадам дело кое ќе претставува не само употреблив предмет, туку и естетско надополнување на секоја просторија. Најголем предизвик е да се стигне до единствен дизајн кој ќе биде успешен и во ентериер и во екстериер, а воедно ќе може да се употребува во повеќе различни простории и да има повеќе намени, како што е Bar-Bench-Lounge.

Испрати коментар

Scroll To Top