Овој краток видео водич ќе ви помогне да најдете сопствен архитектонски ракопис кој е пријатен за око.
Пред појавата на компјутерите, архитектите и градежните инженери проектирале цртајќи со слободна рака и лењири. Котирање и текстуални објаснувања се испишувале рачно, бидејќи немало CAD програми, а со самомото тоа ни бирање на фонтови или големина на буквите. Болд? Земи подебел рапидограф!
Во вакво работно опкружување ракописот бил мошне важен, а испишувањето на блок букви била неопходна вештина на секој инженер или техничар.
Од видеото кое го снимил архитектот Eric W. Reinholdt можете да дознаете како се пишуваат правилни архитектонски блок букви.
„Иако дигиталната продукција ја направила архитектонската традиција на ракопис помалку важна, би кажал дека учење ракопис сеуште е релевантна вежба. Како на визуелни луѓе, ракописот е значаен дел на нашиот личен графички стил. Значи, без оглед дали сте архитект, градежен инженер или графички дизајнер, развивањето на читлив, јасен и доследен ракопис останува важно “, заклучува Eric W. Reinholdt од студиото 30×40 Design Workshop. Значи, вежбајте!