Насловна / Вести / Сакате пиво? Климатските промени му се закануваат и на Вашиот омилен пијалок

Сакате пиво? Климатските промени му се закануваат и на Вашиот омилен пијалок

Пивото е најпоуларниот аклохолен пијалок во светот. Истражувачите од University of East Anglia (UEA) предвидуваат дека екстремните жештини ги лимитираат глобалните приноси од жетвата на јачменот, намалувајќи ја количината расположива за производство на пиво. Овој недостаток може да предизвика драматичен пад во потрошувачката на пиво и пораст на цените на пивото. Истражувачите од UEA утврдиле дека индустријата за производство на пиво опфаќа 17% од  вкупното производство на јачмен. Над 83% од тоа потекнува од Бразил. Како и да е, просечните загуби во жетвата низ светот варираат од 3-17% во зависност од тоа колку еден регион е погоден од климатските промени. Според тоа, истражувачите процениле дека ако се задржи истиот тренд со климатските прмени, потрошувачката на пиво ќе падне за 16%, додека цените на пивото би забележале пораст од околу 15% глобално.

„ Ние не го направивме ова истражување со цел да ги охрабриме луѓето да пијат повеќе пиво денес, затоа што утре ќе биде поскапо или ќе го нема доволно, туку да ги предупредиме дека доколку и во иднина сакаат да се напијат пиво додека гледаат фудбал, треба нешто да направат за климатските промени веднаш“ велат од истражувачкиот тим од UEA.

beer1

beer2

beer3

Испрати коментар

Scroll To Top