Насловна / Архитектура / Саграда Фамилија чекала на градежна дозвола 137 години

Саграда Фамилија чекала на градежна дозвола 137 години

После 137 години, десетина архитекти и стотици милиони трошок, Саграда Фамилија, еден од симболите на Барселона, конечно доби градежна дозвола.
Од фондацијата „Саграда Фамилија“ соопштија дека добиената дозвола овозможува продолжување на работите на проектот на прочуениот архитекта Антонио Гауди, а катедралата се очекува да биде завршена во 2026. година, што како датум се поклопува со стогодишнината од смртта на Гауди.

Sagrada_Familia_01
Катедрала сега има легална основа за продолжување на работите и усвоен буџет од 374 милиони евра.
Во 2005. година Саграда Фамилија е ставена на Листата светско културно наследство на УНЕСКО, а минатата година ја посетиле 4.5 милиони луѓе.
Веројатно најпознатата незавршена црква во светот ќе има 18 кули, вклучувајќи ја и централната, висока 172.5 метра, пишува Телеграф.
Изградбата на катедралата почнала 1882. година, а 1926. година кога починал Гауди, не била завршена ни четвртина. Сепак тоа е најпосетената локација во Барселона.

Испрати коментар

Scroll To Top